Утре, на 13 ноември, во 14 часот симболично ќе биде отворена изложбата „Претседателите на ДЛУМ“ во Уметничкиот ценѕар „Арт хаб“ во ГТЦ. Станува збор за дела на  дваесеттина врвни македонски уметници од вкупно 30-те досегашни први луѓе на Асоцијацијата.

Друштвото на ликовните уметници на Македонија, една од најстарите асоцијации во земјава, во пресрет на својот јубилеј – 75-те години од основањето кој ќе биде одбележан догодина и во очекување на одговорот од институциите во државата околу конечното решавањето на прашањето за сопствена Галерија, се реши да склучи едногодишен договор за јавно-приватно партнерство со ЕКСИМА ДООЕЛ и нејзиниот сопственик Новица Новаковски и на тој начин да ги придвижи работите.

Со овој договор ДЛУМ  ќе организира одреден тип на претставувања, по еден во текот на престојните 12 месеци, во овој простор за што нема да троши ни денар. Официјалната промоција и отворањето на Галеријата е предвидено да за утре ( среда, на 13 ноември), на 75-годишнината од ослободувањето на градот Скопје, со изложбата „Претседателите на ДЛУМ“.

На градот му требаат урбани простори, му требаат уметнички галерии, му требаат културни настани … За жал во Градот се помалку ги има таквите настани и токму затоа го одбравме 13 ноември како Ден на град Скопје и затоа оваа Галерија ќе ја отвориме во 14 часот со изложба насловена како „Претседателите на ДЛУМ“. Ова подразбира дека ќе бидат изложени дела на Личеновски, Мартиновски, Коџоман, Чемерски, Масин, Тања Балаќ… некаде 20-на вкупно од 30 творци кои досега ја воделе Асоцијацијата. Нема да имаме од сите бидејќи немаме контакти со дел од семејствата на некои од нив, вели Филип Фидановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.