Во Салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на скулптури насловена „Панта реи“ од академскиот уметник Марјан Стојаноски.

Во освртот за изложбата „Метал, време, космос, panta rhei…“ неговата колешка уметницата Мирјана Крстева Масети ќе посочи дека последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Стојаноски насловено „Panta rhei“., содржи опус скулптури со современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп во 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”. Има реализирано голем број изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков”.

Изложбата  на Стојаноски во КИЦ-Скопје ќе биде отворена до 24 мај годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.