По повод Деновите на занаетчиство, денеска во Кабинетот на претседателот ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

На отворањето на изложбата предвидено е да се обратат сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската Комора, Скопје, Анета Атанасовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.