Изложба за средновековното наследство на територијата на градот Скопје ќе биде отворена денеска во ТЦ „Капитол“ во организација на „Хаемус“. Насловена е „Skopje ByzArt – историја, уметност, традиција и искуство“ и ќе може да се посети до 27 септември од 10 до 22 часот.
Ќе бидат изложени панели групирани тематски според историски, уметнички, религиски и етнографски карактеристики, како и уметнички дела и ракотворби од изложбено-продажен карактер изработени со помош на оригинални средновековни техники од сестринството на Марковиот манастир.

Со оваа изложба „Хаемус“ се вклучува во манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2019“ која се организира од 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од Европската Унија.

Целта на нашата изложба е поткревање на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство преку промоција на средновековното наследство на Скопје, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.