Галеријата Белогаски во Музеј на град Скопје денеска, во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје виа Солун“, на која ќе бидат претставени приказните за двата града, нивната поврзаност со патен, воден и железнички сообраќај, трговијата, културните преплетувања и личните, фамилијарните и професионалните врски меѓу градовите.

Изложбата и монографијата се тригодишен проект финансиран од Градот Скопје и Министерството за култура.

Поради мерките и протоколот за пандемијата од ковид 19, посетата ќе биде ограничена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.