Вечерва (вторник 26.11) со почеток од 19 часот ќе се одржи изложба на црно бели фотографии на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub.

Ова е прва соработка на центарот за неформално образование кој оваа година се најде на листата на Форбес, Creative Hub и НЛБ Банка кој го подржува настанот и го отстапи просторот во НЛБ Галеријата за идејата да се реализира.

На изложбата кој ќе се одржи во просторот НЛБ Галерија, свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Александра Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.

Настанот е отворен за јавноста и сите љубители на фотографија се поканети да присуствуваат. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат изложбата единствено утре, на 26 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.