Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август, известуваат оттаму.

Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво. Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.

Оваа недела од најновата набавка во НУ Библиотека „Григор Прличев“ предлагаат да ги побарате и да ги прочитате следните книги:

„Солта во морето“ од Рута Шепетис,  „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас, „Тајниот говор“ од Том Роб Смит и „Умри за мене“ од Синтија Идн. Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.

Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.

Да потсетиме библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.