Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола отвори изложба со книги, авторски дела на жени писатели.

Изложбата е отворена со повод, во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8. Март и ги промовира авторските дела на жени писателки од цела држава.

Љубителите на пишаниот збор може да ги погледнат, да се потсетат и изнајмат книгите што ги напишале Оливера Николова, Славка Манева, Лидија Димковска, Вера Бужаровска, Светлана Христова-Јоциќ, Лилјана Дирјан, Душица Илин, Ката Мисиркова Руменова, Милица Радевска Димитријовска, Лили Бошевска, Весна Мундишевска Велјановска, Вера Стојчевска Антиќ, Јадранка Владова и други жени писателки, најголем дел членки на Друштвото на писатели на Македонија, информираа од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Книгите, повеќе од 150 на број, се со различен книжевен жанр, проза, поезија, книги за деца, романи и други инспирации на жените писателки чии дела се празнично поместени во изложбениот салон на градската библиотека во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.