На 17 февруари (понеделник), во 13 часот, во Порта Македонија ќе биде отворена изложба на калиграфија и калиграм од иранскиот уметник Мохамадреза Афшари. На изложбата ќе можат да се видат раскошни примероци на исламската калиграфија изработени на платно и на хартија. На отворањето ќе се обратат в.д. директор на Музејот на македонската борба – Даниела Николова, в.д. амбасадор на Иран во Скопје, Мехди Мохаведи, авторот Мохамадреза Афшари, а се очекува изложбата да ја отвори министерот за култура на Македонија, Хусни Исмаили.

Мохамадреза Афшари е истакнат ирански уметник во чиј фокус е исламската калиграфија со богато искуство и меѓународни изложувања. Роден е во градот Ком, Иран, дипломирал на Факултетот за убави уметности на Универзитетот во Техеран, каде и предава, а работи и како инструктор во Иранската калиграфска асоцијација. Изложбата е дел од вонпрограмските активности на Музејот на македонската борба, а ќе биде поставена во Порта Македонија до 24 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.