Во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето, е отворена изложбата „Графички дела од македонски ликовни уметници“.

Оваа изложба опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески и др.

Кустос на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста, а изложбата ќе ја отвори д-р Александар Стерјовски.

Изложените дела се дел од Графичката мапа на Факултетот за ликовни уметности Скопје, издадена и публикувана во 1991 година и се дела на професори кои предавале на овој факултет. Заради покомплетна слика на периодот, неколку графики се репродукции (Чемерски, Ташковски, Хаџи Бошков, Мартиновски), со цел да ја докомплетираат претставата за графичката продукција од тој период и да придонесат во информативен и едукативен контекст.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.