Триесет црно-бели фотографии на хрватскиот фотограф Станко Абаџиќ ќе бидат изложени денеска во „Рудиќ галерија“. Фотографиите се направени во периодот од 2018 до 2021 година.

На отворањето ќе биде присутен и авторот, а заинтересираните ќе можат да купат фотографија или книгата „Актови“ (тврд повез, 176 страници).

Станко Абаџиќ е роден во 1952 година во Вуковар. Дипломирал германистика и работел како дописник во „Вјесник“ од Вуковар.

Од 1995 до 2002 година престојувал во Чешка, каде што работел како слободен фотограф. Имал самостојни изложби во 16 европски земји, Аргентина, Јапонија, Америка и Русија. Неговите фотографии може да се најдат во бројни збирки во Европа, Хрватска и Америка.

Член е на Хрватското друштво на ликовни уметници (ХДЛУ) Загреб, Хрватскиот сојуз на самостојни уметници и на фотоклубот Загреб. Живее и работи во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.