Изложба на фотографии: Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на Андалузија

Култура 25.03.2019 / 11:18

Во Галеријата на Младинскиот културен центар на 25 март, со почеток од 20 часот ќе се отвори изложба на фотографии од Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски насловена “Andalucia“.

На изложбата ќе бидат претставени четириесетина уметнички фотографии на двајцата современи македонски фотографи – Колевски и Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гарзамела, Кадиз и Ронда, каде што двајцата автори имаа студиски престој во периодот октомври -ноември 2017 година.

Прикажувајќи ги луѓето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија, стои во најавата за изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.