Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори.

Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.

Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.