На 29 август, четврток, со почеток во 19 часот, во галерискиот простор на Порта Македонија свечено ќе биде отворена Изложбата на дела од Галерија 73, Белград, Република Србија. На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во српската ликовна сцена низ призма на колекцијата на Галерија 73.
На отворањето ќе се обратат директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, и директорката на Галерија 73, Мирела Пудар, додека изложбата свечено ќе ја отвори Амбасадорката на Република Србија, Н.Е. Душанка Дивјак Томиќ.
Галеријата 73 е основана во 1973 година во Белград, и е еден од најзначајните простори за изложување во Белград. Минатата година одбележа 45 години работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.