Во Музејот на град Скопје на 7 декември, среда во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски (1942-2017). Делата на Георгиевски, работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, ќе бидат поставени во целиот галериски простор на Музејот.

Воедно ќе биде промовирана и монографија за неговото творештво во издание на Музеј на град Скопје. Издавач е  Музеј на град Скопје, автор Емил Алексиев а текстот е на  Емил Алексиев и Никола Пијанманов.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје, во соработка со легатите на уметникот.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.