Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија вечер во 19:00 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ , во Скопје, ќе биде отварена изложбата насловена „ДЛУМ нова генерација на млади“.

Изложбата со пригоден говор ќе ја отвори претседеталот на државата Стево Пендаровски.

Со свои дела на постановката се застапени уметници од новата млада генерација на ДЛУМ 2017-2020 година: Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравески, Ѓорги Динев, Давор Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев, Зуљеха Зибери Али.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.