Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. На страниците од првото поглавје насловено „Кон родното огниште“ се застапени текстови, во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и творечка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната Битола, како и на нејзиониот професионален ангажман во просветната и научната работа во изминатите шест децении. Во второто поглавје „Правците на зборот“ пишува за величието на свети Кирил Филозоф, за длабоките врски на светителите Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климет Охридски и за Охридскиот кружен центар на ракописно наследство.

 

Вера Стојчевска – Антиќ (Битола, 1939) е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Автор е на богат публицистички и научен опус, за што е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.