На изборното собрание на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ), кое се одржа на 17 декември во Кинотеката на Република Македонија, беше избрано новото раководство на СМУМ.
За претседател на Управниот одбор на СМУМ, кој воедно е и претседател на СМУМ, повторно е избран проф. м-р Љубиша Кировски. Членови на Управниот одбор се и Бранко Павловски, Страшо Темков, Даница Стојанова, Горан Начевски, Александра Коцевска и Даниел Апостолов.
Во новиот мандат раководството ќе биде фокусирано во одржување на континуитетот на фестивалот „Златна лира“ и циклусот концерти „ПроМузика“, а особено внимание ќе биде посветено на збогатувањето на концертниот живот, соодветната валоризација на трудот на музичките уметници од сите генерации, како и нивна промоција во државата и надвор од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.