Со премиерната изведба на претставата „Натан мудриот“ од Готхолд Ефраим Лесинг, во режија на Сулејман Рушити, синоќа започна работата на гостиварскиот театар.

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар видни личности од културниот и од политичкиот живот во земјава, меѓу кои и министерот за култура Хусни Исмаили, со бурен аплауз, честитки и желби за добри претстави, го поздравија започнувањето на работата на новата национална установа. Министерот Исмаили, честитајќи го почетокот на работата на Гостиварскиот театар, истакна дека театарот е храм на јазикот и културата и ако не го поддржуваме, стануваме странци во сопствената душа. Тој е место каде што се спроведува мисијата за расветлување на природата на човекот, неговите желби, одлуки, внатрешни и општествени соочувања во борбата за поголем духовен и праведен свет и место за најискрен дијалог со публиката, соопштија од Министерството за култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.