Еден од најуспешните македонски играни филмови „Исцелител“ ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 25-ти и 26-ти октомври во 20 часот.

„Исцелител“ од својата премиера досега, се прикажуваше на 60 светски филмски фестивали. Филмот освои 19 меѓународни награди, меѓу кои 8 беа за најдобар филм.

„Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58 годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Франција, на фестивалот Let’s CEE во Виена и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.