Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“ завршува утре со изложба во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 20:30. Изложбата е всушност поезија преточена во дизајн постери, фотографии и графички визуелни дела на тема: Продор или Sturm und Drang. Веднаш по претставување на изложбата ќе биде и официјалното доделување на наградите за „Најдобар актер “, „Најдобра режија“, „Најдобра претстава“, „Најдобра студентска претстава“, „НОВ БРАН – Најдобар артист“  во рамките на првото издание на фестивалот. Настанот е отворен за јавноста, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД.

Последниот фестивалски ден преку онлајн платформата на Театарски Европски Алтернативи во 19:30 ќе биде прикажана и претставата на специјалниот гостин Петар Милошевски, оригинално насловена „You will marry me“ (Ќе се омажиш за мене) кој всушност претставува краток видео перформанс кој е создаден за време на полицискиот час, користејќи реквизити кои можат да се најдат по дома, целосно е снимен со паметен телефон преку кој бестрашно е опфатена ситуацијата со глобалната пандемија во 2020 година. Преку овој перформанс се доловува како овој човек сака да стапи во брак со својот живот. Перформансот е влезен во селекција на значајни фестивали во Велика Британија и САД.

Линк за претставата: http://www.theatereuropeanalternatives.com/mk/international-special/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.