Да се биде или не прашање е сега;
да издржиш пред стрелите на бесната судбина…
Да заспиеш и ништо повеќе , спиејќи да кажеш – крај му ставив на срцеболот од животот што ова тело ги наследило…
Нека ти е светол патот пријателе!
Имаше во тебе многу љубов, пријателство, посветеност и огромна верба во театарот и професијата.
Vita brevis, ars longa.

Со овие зборови режисерот Дејан Пројковски се опрости од актерот Славиша Кајевски кој денеска трагично го загуби животот на 39-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.