Надоместокот од околу 4.000 евра за направената штета во Македонскиот народен театар (МНТ), направен за време на прославата на Денот за албанската азбука, ќе го плати навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“, а ако не го платат тие, тоа ќе го стори директорката на МНТ, Симона Угриновска.

Ова е одговорот од премиерот во заминување Зоран Заев на пратеничко прашање на денешната собраниска седница во врска со немилиот настан што се случи на Денот на одележувањето на албанската азбука на 22 ноември. Тој нагласи дека таа штета мора да се плати.

Имаме две штети едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азбука, рече премиерот во заминување Заев.

Премиерот возаминување потсети дека потпретседателот на Влада и министер за политички систем и односи меѓу зедниците го има организирано настанот и тој настан завршува некаде околу 20:30 часот, додека другиот, потенцира, се случува во 21.

Нема договор. Значи да биде чисто нема договор за таа работа во 21, направен е устен договор затоа што немало и време кога да се направи. Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност, изјави од собраниската говорница.

Посочувајќи дека постои правилник за наградување и санкционирање, премиерот во заминување Заев информира дека согласно тоа, дале укажување да има дисциплинска постапка.

И затоа мора да има штета односно треба да има дисциплинска постапка со што ќе се извлече поуката да не се повтори повеќе. По правилникот ќе се оцени по таа дисциплинска постапка казна ли е, бркање од работа, не знам, разрешување на директор ли е. Службите ми кажаа дека е казна од плата и слично, рече тој.

Осврнувајќи се на тоа дека за овој случај Владата формираше работна група, информираше дека веќе е доставен извештај, реферирано е пред Владата, а денеска се реферира пред Парламентот.

Мене ми е тоа јасно, така да надоместокот на материјалната штета ќе биде надоместок, со тие пари ќе се поправи се што е направено, а духовната последица или етичката последица ќе си биде санкционирана соодветно согласно правилникот за казнување или наградување, рече премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.