Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, ИКОМОС Македонија со задоволство го најавува настанот на тема „Климатските промени и културното наследство “.

Овогодинешната тема на ИКОМОС за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиките за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини на нивно спроведување, а во насока на зајакнување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции кон емисии со низок јаглерод.

Избраната тема „Наследството и климата“ нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција.

Оттука, на 18 Април со почеток во 12:00 часот, преку платформата ZOOM ќе се одржат предавања на тема ,,Климатските промени и културното наследство“. Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија д-р Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и м-р Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, преку слободно пристапување на следнава ZOOM врска (претходна регистрација за настанот не е потребна):
https://us02web.zoom.us/j/83238188934?pwd=VHpMRzF0bGpDd3h5Z29KT1VKN3lSZz09



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.