Првиот фестивалски ден на ИФФК „Браќа Манаки“ по синоќешното отворање ќе биде во знакот на мастер класот што денес напладне во Битола ќе го одржи италијанската кинематограферка Дарија Д’Антонио.

Како што е познато Д’Антонио во свои раце ја имаше камерата за филмот „Божја рака“ чиј режисер е Паоло Сорентино, а во кој главните улоги ги толкуваат Филипо Скоти и Тони Сарвило.

Во главната натпреварувачка програма, денес ќе биде емитуван и филмот „Небеса“ кој е во српско, македонска, црногорска и хрватска продукција, а кинематографер е Душан Јоксимовиќ, додека во студетнтската програма која се реализира во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмовите „И ноќта остана“ од Словенија, „Делба“ од Косово и „Анте’нте“ од Грција.

Од денес почнува и емитувањето филмови на терасата од Офицерскиот дом каде ќе се реализира програмата МК Агол-краток филм со филмовите „Сите ќе умреме“ и „Налепница“, додека пак во големата сала на НУ Центар за култура во 21 часот ќе биде емитуван краткиот филм „Последниот тракет од островот на тревата“ во кој кинематогафер е Јоргос Валсамис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.