Популарната серија „Игра на престолите“ ќе стане театарска претстава, а ќе се игра на сцената на лондонски Вест Енд и на њујоршкиот Бродвеј. Задачата за театарската адаптација ја презедоа Британците, драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите прикажувања се очекуваат во 2023.

При адаптацијата тие соработуваат со писателот на книжевната сага „Песна за мразот и огнот“ – Џорџ Р.Р. Мартин. Дејствието на претставата ќе се одвива на турнир во Харенхал, 17 години пред приказната од првата сезона на телевизиската серија на ХБО.

Нашиот сон е да го поставиме Вестерос (измислено место од приказната) на Бродвеј (во Њујорк) и во Вест Енд (театар и област во Лондон), но и во Австралија, објаснува Џорџ Мартин.

Во театарската претстава ќе се појават многу од најпознатите ликови од книжевната сага и успешна ТВ-серија што се снимаше осум сезони, од 2010. до 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.