Во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје се потпиша меморандум за соработка со Националната Установа Филмски Центар Вардар филм Македонија. Протоколот беше потпишан од директорите Скендер Асани во име на ИДНКА и Насер Цури од „Вардар филм Македонија“.

Ова е добра вест за стекнување на мостови на соработка со најзначајната институција за филмска продукција во нашата земја. На овој начин ние создаваме услови за работа во заеднички проекти за афирмација на културата и, воопшто, на културното наследство. Со овој протокол на соработка ние отвораме нови патишта за пристап до фондови кои ќе помагаат за унапредување на културниот живот во нашата земја, рече Асани.

Директорот на „Вардар филм Македонија“, Насер Цури, откако се заблагодари за можноста за соработка, изрази задоволство за стекнатата формална соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје.

Нашиот стремеж е размена на нашите ресурси и соединување на нашите капацитети за да можеме да произведеме културни проекти со вонвременска вредност, изјави директорот Цури по потпишување на овој протокол.

Со овој меморандум се предвидува двете институции да аплицираат на заеднички проекти и да организираат заеднички културни настани и други активности кои се во фокус на нивната работа.
Потписниците изјавија дека наскоро јавноста ќе биде запознаена со новите иницијативи и конкретните проекти на двете институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.