Оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22 октомври (четврток) во 20 часот насловен „PERASPERAADASTRА“. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски. На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Концертот за пијано, труба и гудачки оркестар оп.35 од Дмитри Шостакович бил заврешн во 1933 година, и во него композиторот прави експеримент со употреба на необарокни инструменти. И покрај насловот концертот повеќе може да се класифицира како дупли концерт, бидејќи пијаното и трубата имаат еднаков третман и комплексност во партитурата. Години подоцна, Шостакович изјави дека примарно планирал да создаде Концерт за труба и оркестар, а потоа го додал пијаното за да биде дупли концерт. Како што го пишувал, тој се трансформирал во пијано концерт со соло труба.

Овој исклучителен млад пијанист годината ја почна со деби во Златната сала на Музиверејн и на главната сцена на Берлинската филхармонија. Оттогаш, Германија и Франција се негови главни дестинации, каде што соработува со врвните оркестри. Неговото деби во Париз беше во фондацијата „Луј Витон“, а рециталот го пренесуваше ТВ Медичи наилјадници луѓе во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.