Филмското дело, како целосно фабулативна форма, од самиот почеток било поврзано со децата како протагонисти, но и како публика. Така, веќе во 1895-тата година браќата Лумиер го снимаат „Бебешки оброк“ и „Градинарот“, кој многумина го сметаат за прв игран филм. Подоцна, исто така, постојано се појавуваат детски ликови, како во филмовите наменети само за деца, така и во оние за општата публика, како „Детето“ (1921) на Чаплин или „Чистачи на чевли“ (1946) на Виторио де Сика, кои преку детските ликови зборуваа за пошироките проблеми на друштвото.

Во таа смисла хрватската кинематографија не е поинаква. Во сочуваните снимки од најраниот период како „Процесија на Св. Дује“ (1911) на Јосип Караман или „Кафеана Корсо“ (1915) на Јосип Хала децата се појавуваат главно како учесници во глетката, како дел од процесијата или како посматрачи на самиот чин на снимање. Бидејќи во тој ран период на подрачјето на Хрватска нема континуирано филмско производство, така нема ни филмови со детска тематика сè до 1928 година и појавата на продукцијата за образовни филмови „Училиште за народно здравје“, чија главна задача била здравствена едукација на населението, особено селското кое го карактеризирале семејства со голем број на деца. Така веќе во 1929 година во продукција на „Училиште за народно здравје“ настанува „Цампек палавкото“, анимиран филм на сенки на Младен Широла, направен со актери и цртани кулиси кој ги упатува децата на потребата од одржување на хигиената. Широла со истата тематика се занимавал истата година и во кратките играни филмови „Спасот на малата Зорица“ (1929) и „Запуштеното дете“ (1930).

Со организирањето на филмското производство по Втората светска војна, детскиот филм во хрватската кинематографија станува легитимен жанр што се одликува со континуиран број наслови и понекогаш со исклучително квалитетни филмски дела. Од наслови како „Синиот галеб“ (1953) и „Милиони на островот“ (1955) на Бранко Бауер, сè до серија филмови за литературниот јунак Коко „Коко и духовите“ (2011) и „Љубов или смрт“ (2014) на Даниел Кушан, како и „Таинственото момче“ (2013) на Дражен Жарковиќ, хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но самата застапеност не би била доволна доколку истите не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за денес да бидат класици на хрватскиот филм и како такви да не биле прифатени од младата публика и критиката.

Хрватската кинотека на Хрватскиот државен архив од својот почеток со работа во 1979 Година, покрај самите филмови, започнува со собирање и на придружен филмски материјал што се однесува на одреден наслов, а тоа да не е филмски запис. Придружниот филмски материјал вклучува сè: од промотивен материјал како фотографии, плакати, брошури, каталози и слично, па сè до книги на снимање, сценарија, скици на сценографии, костими и реквизити, како и друга документација.

Во ликовна смисла, една од најинтересните збирки на придружен филмски материјал е веројатно збирката на филмски плакати [1394] што во себе содржи плакати за речиси сите долгометражни филмови настанати во хрватската продукција од 1944 година до денес.

Темата на изложбата „Детски поглед“ го предодреди изборот на 21 плакат за 24 долгометражни и краткометражни филмови создадени во периодот од 1953 до 2006 година, кои со своите визуелни решенија не само што успешно го промовираат филмот за кои се направени, туку и зборуваат за стилот на времето во кое се создадени. Освен во стилот, одбраните плакати се разликуваат и во техниката на изработка, од цртежи, колажи и фотографии до комбинација на повеќе техники во кои се испробале ликовни автори за да го остават својот печат во таа применета форма. Па така, на едно место меѓу многумина непознати автори можат да се најдат и дела на мајстори на стрипот како Фердинанд Бис, Андрија Мауровиќ, Мирко Илиќ и Радован Домагој Девилиќ.

9 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 19:00 ч.

БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ

(Jurnjava za motorom )

Игран филм, Хрватска

1959 г., 50 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Бранко Мајер (Brank0 Majer)

Сценарио: Славко Колар (Slavko Kolar)

Улоги: Аугуст Чилиќ, Мирослав Чрљенец, Звонимир Ференчиќ, Соња Лихтер, Младен Шермент (August Cilić, Miroslav Črljenec, Zvonimir Ferenčić, Sonja Lihter, Mladen Šerment)

Филмот БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ е снимен според хумористичната приказна за деца „Брканица на мотор“ на хрватскиот книжевник Славко Колар, кој сценаристички ја адаптирал за филм.

Главниот јунак е дете по име Мацан, од Загреб, кое го моли татко му да појде заедно со него во едно село, каде што треба да им поправи земјоделска машина на роднините. Момчето е фасцинирано од моторот на татко му и секогаш сака да се вози со него, па и покрај строгата забрана да не седнува на моторот, ја користи првата прилика да се направи важен пред селанчињата. Седнува на моторот со намера само да им покаже како се управува со мотор „во место“, но едно од децата го стартува моторот, тој тргнува и не може да запре. Авантурата започнува, се подига узбуна и целото село е во потрага по малиот моторџија…

9 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ПИКО

(Piko)

Игран филм, Хрватска

1959 г., 47 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Среќко Вејганд (Srećko Weygand)

Сценарио: Среќко Вејганд (Srećko Weygand)

Улоги: Дамир Вугринец, мароја Кон, Хермина Пипиниќ, Иван Шубиќ (Damir Vugrinec, Marija Kohn, Hermina Pipinić, Ivan Šubić)

ПИКО, како и БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ, се среднометражни детски филмови снимени во 1959 година во продукција на „Зора филм“ од Загреб.

Пико е момче чии родители се презафатени со нивните професионални кариери, постојано се на работа или зафатени со други обврски. На Пико му едостасува родителската љубов, нежност и внимание, па затоа бега од домот. Сега е сам на улиците на градот…

10 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12 ч.

БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ

(Jurnjava za motorom )

Игран филм, Хрватска

1959 г., 50 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Бранко Мајер (Brank0 Majer)

Сценарио: Славко Колар (Slavko Kolar)

Улоги: Аугуст Чилиќ, Мирослав Чрљенец, Звонимир Ференчиќ, Соња Лихтер, Младен Шермент (August Cilić, Miroslav Črljenec, Zvonimir Ferenčić, Sonja Lihter, Mladen Šerment)

Филмот БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ е снимен според хумористичната приказна за деца „Брканица на мотор“ на хрватскиот книжевник Славко Колар, кој сценаристички ја адаптирал за филм.

Главниот јунак е дете по име Мацан, од Загреб, кое го моли татко му да појде заедно со него во едно село, каде што треба да им поправи земјоделска машина на роднините. Момчето е фасцинирано од моторот на татко му и секогаш сака да се вози со него, па и покрај строгата забрана да не седнува на моторот, ја користи првата прилика да се направи важен пред селанчињата. Седнува на моторот со намера само да им покаже како се управува со мотор „во место“, но едно од децата го стартува моторот, тој тргнува и не може да запре. Авантурата започнува, се подига узбуна и целото село е во потрага по малиот моторџија…

10 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ПИКО

(Piko)

Игран филм, Хрватска

1959 г., 47 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Среќко Вејганд (Srećko Weygand)

Сценарио: Среќко Вејганд (Srećko Weygand)

Улоги: Дамир Вугринец, Марија Кон, Хермина Пипиниќ, Иван Шубиќ (Damir Vugrinec, Marija Kohn, Hermina Pipinić, Ivan Šubić)

ПИКО, како и БРКАНИЦА ПО МОТОРОТ, се среднометражни детски филмови снимени во 1959 година во продукција на „Зора филм“ од Загреб.

Пико е момче чии родители се презафатени со нивните професионални кариери, постојано се на работа или зафатени со други обврски. На Пико му едостасува родителската љубов, нежност и внимание, па затоа бега од домот. Сега е сам на улиците на градот…

11 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 ч.

СИН ГАЛЕБ

(Sinji galeb)

Игран филм, Хрватска

1953 г., 91 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Бранко Бауер (Branko Bauer)

Сценарио: Бранко Бауер , Јосип Барковиќ, Тоне Селишкар (Branko Bauer, Josip Barković, Tone Seliškar)

Улоги: Суад Ризванбеговиќ, Јосип Батистиќ, Виктор Берк, Фрањо Бенковиќ (Suad Rizvanbegović, Josip Batistić, Viktor Bek, Franjo Benković)

Снимен според новелата на писателот Тоне Селишкар, СИНИОТ ГАЛЕБ е приказна за Иве, сиромашно момче кое сака да ја „откупи“ честа на неговиот татко. Дејствието на филмот е сместено меѓу двете светски војни и се одвива на далматинскиот остров во новелата познат како Галебовиот остров, а Бауер е еден од најпознатите ексјугословенски режисери на филмови за деца и младинци.

Татко му на Иве меѓу мештаните е познат како „Бразилецот“, бидејќи минал многу години пловејќи по морињата и океаните. Мештаните се рибари кои ловат со нивните чамци на весла, па „Бразилецот“ им предложил да се здружат, да соберат пари за модеренброд со мотор, со кој ќе можат да пловат подалеку и да уловат повеќе риба. Со тешки маки ги собираат пари, му ги даваат на „Бразилецот“ да отиде да купи нов брод, но тој ќе ги прокоцка парите. Налутените мештаните ќе го претепаат и ќе го протераат од островот, а мајка му на Иве ќе умре, па тој останува сам. Да не е милоста на соседите, би умрел од глад.

„Бразилецот“ се враќа на островот да моли за милост пред смртта и уште еднаш д аго прегрне синот. По смртта на татко му, Иве го наследува руинираното рибарско бротче „Синиот галеб“. Сака да го реновира и да го оспособи за риболов, па ја формира „Дружината синиот галеб“. Децата на островот го бојкотираат, освен девојчето Милева, кое ќе влијае Иве сепак д абиде прифатен и од другите. Кога ќе го оспособат бротчето, тоа ќе биде запленето од рибарите како компензација за штетата што им ја нанел таткото на Иве. Сепак, Иве и децата успеваат да го повратат бротчето и да испловат на отворено море, каде што ќе наидат на силна бура. Тогаш започнува авантурата од која можат да се спасат само ако се сложни другари…

11 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 19:00 ч.

ДРУЖИНАТА НА ПЕРО ЏУМКАТА

(Družba Pere Kvržice)

Игран филм, Хрватска

1970 г., 96 мин., колор, ДСП

Режија: Владимир Тадеј (Vladimir Tadej)

Сценарио: Владимир Тадеј, (Vladimir Tadej, Mato Lovrak)

Улоги: Младен Васари, Предраг Вуковиќ, Берислав Кокот, Борис Дворник, Антун Врдољак (Mladen Vasary, Predrag Vuković, Berislav Kokot, Boris Dvornik, Antun Vrdoljak)

Снимен според популарниот роман за деца „Дружината на Перо Џумката“ на хрватскиот книжевник Мато Ловрак, истоимениот филм со неговиот успех неколку години подоцна ќе иницира екранизација на уште еден роман на Ловрак, „ВОЗОТ В СНЕГ („Vlak u snijegu “), во режија на Мате Реља (Mate Relja), продолжувајќи ја завидната продукција на филмови за деца и младинци во Хрватска во 70. години од минатиот век.

ДРУЖИНАТА НА ПЕРО ЏУМКАТА е авантуристички филм за деца. Перо Џумката е бистро и снаодливо, но палаво дете. Во неговото село постои напуштена воденица, која престанала да работи заради неслогата на жителите кој да ја одржува. перо и неговите другарчиња тајно започнуваат да ја преуредуваат старата воденица, со намера таа да им служи и како објек во кој ќе си играат преку летото.

За да ја спречи повторната активност на старата воденица, сопственикот на новата и модерна за тоа време воденица на пареа сака да ги подмити селаните да останат негови муштерии. Но, детската дружина предводени од Перо, со помош на селкиот учител, успеваат да ја оспособат воденицата и да им ја вратат на селаните.

Поучната филмска приказна за слогата стекнала голема популарност во тогашна Југославија, а филмот со успех е прикажуван и во Западна Европа, САД и Јапонија.

12 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч.

12 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч.

ВОЛК САМОТНИК

(Vuk samotnjak)

Игран филм, Хрватска

1972 г., 90 мин., колор, ДСП

Режија:Обрад Глушчевиќ(Obrad Gluščević)

Сценарио: Обрад Глушчевиќ, Стјепан Перовиќ (Obrad Gluščević, Stjepa Perović)

Улоги:Славко Штимац, Жељко Матаија, Иван Штимац(Slavko Štimac, Željko Mataija, Ivan Štimac)

ВОЛК САМОТНИК е приказна за пријателството меѓу едно дете и еден пес, сместена во суровиот пејзаж на Лика, Хрватска, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Детето Ранко (Славко Штимац) наоѓа голем германски овчар во планините, фатен во замка за дивеч. Го ослободува и се спријателува со него.

Песот има ремче на вратот со плочка на која пишува Hund, па Ранко мисли дека тоа е неговото име и го вика така, иако hund на германски значи – пес, куче. Бидејќи е од расата германски овчар, Хунд личи на волк, па жителите во селото на Ранко мислат дека се работи за опасен волк самотник и сакаат да го убијат. Ранко не се согласува со нив и скришно му носи храна во планината, а Хунд во една прилика му го спасува животот од напад на вистински волк. Селаните земаат пушки во рацете и организираат хајка да го уловат Хунд, бидејќи сметаат дека тој е волкот самотник што им ги заклал овците во едно бачило, а Ранко се обидува да го спаси неговиот пријател…

ВОЛК САМОТНИКе дебитантски филм на детето-натуршчик Славко Штимац, кој подоцна стана актерска легенда на југословенска кинематографија (наречен и „Ширли Темпл на југословенскиот филм“), чија кариера трае и ден денес, со повеќе од 60 улоги.

14 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 12:00 ч.

ВОЛК САМОТНИК

(Vuk samotnjak)

Игран филм, Хрватска

1972 г., 90 мин., колор, ДСП

Режија:Обрад Глушчевиќ(Obrad Gluščević)

Сценарио: Обрад Глушчевиќ, Стјепан Перовиќ (Obrad Gluščević, Stjepa Perović)

Улоги:Славко Штимац, Жељко Матаија, Иван Штимац(Slavko Štimac, Željko Mataija, Ivan Štimac)

ВОЛК САМОТНИК е приказна за пријателството меѓу едно дете и еден пес, сместена во суровиот пејзаж на Лика, Хрватска, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Детето Ранко (Славко Штимац) наоѓа голем германски овчар во планините, фатен во замка за дивеч. Го ослободува и се спријателува со него.

Песот има ремче на вратот со плочка на која пишува Hund, па Ранко мисли дека тоа е неговото име и го вика така, иако hund на германски значи – пес, куче. Бидејќи е од расата германски овчар, Хунд личи на волк, па жителите во селото на Ранко мислат дека се работи за опасен волк самотник и сакаат да го убијат. Ранко не се согласува со нив и скришно му носи храна во планината, а Хунд во една прилика му го спасува животот од напад на вистински волк. Селаните земаат пушки во рацете и организираат хајка да го уловат Хунд, бидејќи сметаат дека тој е волкот самотник што им ги заклал овците во едно бачило, а Ранко се обидува да го спаси неговиот пријател…

15 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 ч.

КАПЕТАН МИКУЛА МАЛИ

(Kapetan Mikula Mali)

Игран филм, Хрватска

1974 г., 95 мин., колор, ДСП

Режија: Обрад Глушчевиќ (Obrad Gluščević)

Сценарио: Обрад Глушчевиќ, Стјепан Шешељ (Obrad Gluščević, Stjepan Šešelj)

Улоги: Петре Прличко, Тончи Видан, Јошко Пажанин, Манојло Цвијановиќ (Petre Prličko, Tonči Vidan, Joško Pažanin, Manojlo Cvijanović)

КАПЕТАН МИКУЛА МАЛИ е воена драма од Втората светска војна инспирирана од животната сторија на момчето Фране Томаш од местото Крила Јесенице (Krila Jesenice) за време на фашистичката окупација на далматинското крајбрежје. Тој во 1943 и 1944 година со трабакула (мал брод) ги превезувал ранетите партизани и бегалците пред налетите на германската војска на ослободениотостров Вис во Јадранското Море под контрола на Народноослободителната војска и сојузниците.

Историјата на екс-Ју кинематографијата забележала дека Ј.Б. Тито директно го поттикнал снимањето на филмот, кој имал и голем интернационален успех (прикажуван во САД, Европа, земји од Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток, потоа Индија, Индонезија, Филипини, Кореја…), а подоцна е преточен и во популарна ТВ серија.

16 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 12:00 ч.

ТАЈНАТА НА СТАРИОТ ТАВАН

(Tajna starog tavana)

Игран филм, Хрватска

1984 г., 101 мин., колор, ДСП

Режија: Владимир Тадеј (Vladimir Tadej)

Сценарио: Јарослав Петрик, Владимир Тадеј (Jaroslav Petrík, Vladimir Tadej)

Улоги: Марио Мирковиќ, Јири Гурица, Нина Петровиќ (Mario Mirković, Jirí Guryca, Nina Petrović)

Оваа семејно научнофантастична драма се случува на Хвар, остров во Јадранското Море, каде што летните празници ги поминуваат две момчиња-радиоаматери. Миро (Мирковиќ) од Загреб и Пепек е од Прага (Гурица) престојуваат во старата куќа на тетката на Миро.

Истражувајќи го правливиот таван на куќата, Миро и Пепек наоѓаат еден стар и необичен пиштол што го направил прадедото на Миро, кој важел за чуден изумител. Играјќи се со него, Миро и Пепек сфаќаат дека всушност се работи за антигравитациски пиштол кој може да им ја одземе гравитациската тежина на предметите и да ги лансира во вселената.

Децата започнуваат да експериментираат со пиштолот и започнува летењето на разни предмети, што предизвикува хаос на островот. Тоа го привлекува вниманието на една меѓународна шпионска организација, која ги киднапира децата, а локалната полиција е немоќна…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.