Членовите на штипскиот Градски хор ќе бидат дел од неколку стотици хорови на Балканот, што ќе учествуваат во поставување Гинисов рекорд во хорско пеење.

Се очекуваат од 800 до 1.000 хористи, кои заедно ќе пеат две нумери. Тоа се „Ако умрам ил загинам” и „Ој ти пиле славе пиле”, вели Ивана Ѓуриќиќ – Јанкова, диригент на Градски хор– Штип.

Кирил Митев член на Градскиот хор од Штип вели дека хорското пеење е специфично, па оттука на учесниците нема да им биде лесно да се усогласат со толку многу хорови. За подготовка и вежбање ќе имаат многу малку време.

Бараме посебни подготовки затоа што се планира сите хорови да имаме како генерална проба или тоа се вика работилница, каде ќе учествуваат сите хорови со испишани ноти, кои ќе ги испеат овие две композиции, рече Митев.

Обидот за поставување Гинисов рекорд за најброен хор, ќе биде дел од 13-то издание на Фестивалот на шлагери и староградски песни „Пеј срце”, кој се одржува во Ќустендил во Република Бугарија.

Освен што ќе бидат дел од најголемиот хор, штипјани таму ќе настапат и во две категории, односно ќе пеат и шлагери и староградски песни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.