Легендарното Hansa Studio во Берлин е познато како едно од најкреативните места и каде се снимени многу легендарни албуми: Low и Heroes на Bowie, Lust for Life и The Idiot на Iggy Pop, Brilliant Trees на David Sylvian, Achtung Baby на U2, еден куп албуми на Nick Cave во ’80те и стотици други музичари снимале таму.

Приказната за ова студио во режија на Mike Christie ќе биде прикажана со филмот „Hansa by The Wall -1976 – 90“. на 08.03 со почеток во 22 часот, во рамките на „Скопје синема сити“ -загревање.

На 8 и 9 март, во Кинотека на Македонија, филмскиот фестивал Скопје Синема Сити ќе го одржи својот полугодишен настан „Загревање“ каде во овие два дена ќе репризира четири филмови од минатогодишната редовна програма на фестивалот. Проекциите почнуваат на 8 март со филмот „Кода“ за јапонскиот филмски композитор Руичи Сакамото, кој минатата година беше уметник во фокус и го награди со награда за достигнувања во музиката и филмот. Кода е портрет на овој истакнат уметник кој покажува неколку страни од неговата личност – неуморен автор, постојан патник, борец и активист за социјална правда и екологија.

На 9 март ќе бидат прикажани филмовите „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ и „Буена Виста Соушал Клуб Адиос“. Бил Еванс е едно од најголемите џез легенди и сигурно еден од најголемите пијанисти.

Проекциите ќе започнат во 20 часот во Кинотека на Македонија на чија билетара ќе може да се набават картите по цена од 100 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.