Гудачкиот квинтет на Загрепската филхармонија вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат Владимир Костов – прва виолина, Дуња Бонтек – втора виолина, Хивоте Тадезе -виола, Оливер Ѓорѓевиќ – виолончело, Илин – Диме Димовски-контрабас и Александар Иванов соло виолина.

Изминатата пандемиска година кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да ‘престане’ музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање – за првпат заеднички започнуваат да ‘комуницираат’ во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети кои ги обединуваат во исклучително заедничко музицирање, тие многу бргу ги освојуваат симпатиите на музичката јавност“, велат од „Охридско лето“.

За настапот на Гудачкиот квинтет на ЗГФ на фестивалот „Охридско лето“ како прва виолина ќе гостува концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Владимир Костов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.