Не чувствувам лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во вечерашното гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој посочува дека откако е дојден на функција на 5 мај во 2019 спроведени се многу работи, но сепак сегашната состојба е поради проблемите кои претходно се таложеле. Забелешките до Унеско ќе бидат испратени, но не очекува големи промени на извештајот.

Првиот човек на Охрид причината за сегашната состојба ја лоцира во минатото и проблемите кои се таложеле.

Негова соговорничка во емисијата беше Донка Барџиева од Ценатрот за културно наследство која за одговорна ја смета Владата.

Барџиева вели дека извештајот на УНЕСКО за градот Охрид е повеќе од реален и дури ситуацијата на сите оние кои ги следат проблемите во Охрид е далеку по лоша отколку што е тоа наведено во самиот извештај.

Таа посочи дека последните три години требаше да донесат пресвртница во решавање на проблемите во Охрид, но решавањето на проблемите изостана.

Крајно време е да се лоцира одговорноста за овие проблеми, не би сакала да посочувам личности, но време е да се побара одговорност и да се направи ревизија на работата воопшто на клучните владини институции, како и на градоначалниците, факт е дека со децении немаше план за управување по препораките на УНЕСКО, вели Барџиева.

Барџиева вели дека вината е разгранета на повеќе нивоа, но пред се главната вина ја има Владата, затоа што извештајот е адресиран до Владата, која е потписничка и се обврзува со конвенцијата и одговорноста треба да ја преземе Владата и премиерот, министерството за култура, управата за заштита, музејот на Охрид и локалната самоуправа.

Таа исто посочи дека дел од извештаите биле сокривани како и тоа дека биле ставани податоци кои не се точни и не се факти како активности кои биле извршувани, па по тоа таа заклучи дека тоа е срамно однесување за идна членка на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.