Националната установа Гостиварски театар се екипира со професионален кадар. По првите 16 вработувања, од кои поголемиот дел беа помошно-технички персонал, театарот објави нов оглас за прием на осум актери.

Во огласот стои дека кандидатте треба да имаат високо образование драмски уметности најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен или средно драмски уметности и една година работно искуство. Основната нето плата за актерите ќ изнесува 27.400 денари, а вработувањата ќе се остварат на определено време од 5 години.

Јавниот оглас трае петнаесет дена, а пријавите и другите документи се доставуваат до архивата на НУ Гостиварски театар – Гостивар или по пошта.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши во три фази: административна селекција (проверка на податоци во пријавата со условите предвидени во огласот и проверка на приложените докази), аудиција и интервју.

 

извор: Гостиварпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.