Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival, https://www.frauenfilmfestival.eu ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15. 000 евра, соопштија од од продукција „Митевски“. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само осум филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, се вели во одлуката на жири комисијата.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. „Петрунија” на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 апил беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Во април „Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија.  Филмот од страна на фестивалот е најавен како емотовен енергичен манифест на балканскиот феминизам.

Продажениот агент „Пирамид“ кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали на низ цела Франција, од кои седум кино сали во Париз.

Петрунија патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, Штип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.