Продолжува убавата приказна на кино на отворено што започна минатата година со „Исцелител“ и „Avec l’amour“. Во рамките на првото издание на летниот фестивал Самерленд се вклучуваат МКЦ и кино Милениум и организираат бесплатни филмски вечери во Градски летен парк – Школка.

Филмскиот викенд ќе започне на 18 јули (четврток) во 21 часот со жестоката феминистичка приказна раскажана од Теона Стругар Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Веќе следната вечер, 19 јули (петок) со почеток од 21:30 часот на големото платно во Градски парк – Школка ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.