Доделувањето на француските филмски награди „Цезар“ кое синоќа се одржа во париска „Олимпија“ не помина без контроверзии. Актерката Корин Масијеро излезе на бината во костум на магаре покриена со вештачка крв, а потоа се соблече гола.

Како што пишува „Дедлајн“, Масијеро се качила на бината носејќи костум на магаре испрскано со вештачка крв.

Додека водителката на програмата Марина Фоа гледала шокирано, актерката го соблекла костимот и фустанот под него и останала потполно гола. Потоа публиката и аплаудирала.

На нејзиниот грб и стомак пишувало „без култура нема иднина“ и „врати ни ја уметноста Жан“. Масијеро протестирала против мерките кои ги вовела француската влада и премиерот Жан Кастекс против ширење на ковид-19.

И останатите актери ги критикувале мерките на француската влада.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.