Годишната изложба на основни училишта секоја година им овозможува на најмладите токму преку учество во ликовните работилници да совладат некоја нова ликовна техника, но и да запознаат поубаво некој од нашите најголеми македонски ликовни автори.

Па така тие оваа година се запознаа со ликовното творештво на проф. Константин Танчев Динка, еден од водечките мајстори по дизајн, особено во изработката на плакати и дизајни. Инспирирани од делата на овој ликовен уметник учениците го научија значењето на плакатот во системот на информирање. Во текот на работилниците тие дизајнираа голем број плакати употребувајќи текст и слика од кои произлегува изложбата „ Динка и јас“.

Преку ваквите проекти учениците ја збогатуваат својата визуелна писменост како дел од сите други облици на знаења и вештини. Оттука, за нас како инстутуција тоа преставува поттик во организирање на што поголем број вакви ликовно едукативни проекти.

Отворање 21.05.2019 год ( вторник) во 13 часот, а ќе биде поставена до 27.05.2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.