Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, во Национална Галерија на Р.С.М објект Мала станица на 18 октомври со почеток во 20 часот ќе ја отвори  „ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА“

Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност ја организира оваа ревијална изложба. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето.

Оваа година на Годишната изложба учество земаа 55 автори, членови на ДЛУМ кој се претставија во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

Како и во минатото така и оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија на отварањето на изложбата ќе додели неколку нагарди и тоа награда за сликарство, за скулптура, за графика и за нови медиуми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.