Годинашни добитници на наградата Златен прстен се д-р Милан Орлиќ и Радован Влаховиќ од Србија и Мирослав Демак од Словачка.

Милан Орлиќ е роден во 1962 година во Панчево. Тој е писател, филозоф, научен истражувач и издавач. Автор е на книгите: За не/стварното, Момо во поларната ноќ, Од поларната ноќ, Записи од поларната ноќ, Град, пред што ќе сонам, Копнеж за целина, и други. Добитник е на наградите: Исидора Секулиќ, Милан Ракиќ, Бранко Миљковиќ и други. Добитник е на Светосавската повелба и други награди и признанија.

Радован Влаховиќ е роден во 1958 година во Нов Бечеј. Тој е писател, издавач и културен работник. Автор е на книгите: Еве човек, Варварогениј, Мој Господе, Мојот сон е стварност, 1934, Бдеење над смислата, и други. Добитник е на Светосавската повелба и на други награди и признанија.

Мирослав Демак е роден во 1948 година во Стара Пазова. Тој е писател и преведувач. Автор е на книгите: Од отворена палма, Зодијак, Помеѓу два пожара, Една смрт во Белград, Приказни за три уметници и други. Добитник е на наградата на Академијата Иво Андриќ и на други награди и признанија.

Наградата Златен прстен ја доделуваатг Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје. Досегашни добитници на наградата Златен прстен, меѓу другите, се и: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Ристо Василевски, Јордан Плевнеш (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина), Аднан Озер (Турција), Радомир Уљаревиќ (Црна Гора) и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.