Пропаѓањето на Крлежианска фамилија „Глембаеви“ по двете претходни поставувања од Бранко Брезовац, на театарските сцени во Ријека и Загреб, доаѓа во Скопје на МОТ, со својата завршна алка од трилогија која авторот ја заокружува со Прилепскиот театар.

Сите три претстави се сосема различни. Ријечката беше спектакуларна, до ниво на мјузикл, со Северина во главна улога, што можеби е и бласфемично за Крлежа. Загрепската „Глембаеви“ од сите три изведби е најпрецизна во психолошка смисла, а додека Прилепската е најблиску до актуелизацијата на темата, исто така е интересна да се види како загрепското миље и Крлежианските реченици се пренесени и одекнуваат во македонски простор. Загрепската и прилепската верзија на „Глембаеви“ имаа цел и реализираа спојување во една претстава, и со тоа направија хибрид кој имаше извонреден резултат. Така обединетите „Глембаеви“ одиграа претстави во Загреб и во Прилеп“ – вели Брезовац пред вечерашното прикажување на претставата со Прилепскиот театар.

Така доверените Глембаеви маестрално ги претставуваат членовите на Прилепскиот ансамбл: Андон Иваноски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Трајче Иваноски, Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Игор Трпчески и Ана Митоска-Стојаноска. Музиката е на композиторот Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а костимите на Сузана Брезовац.

Со прилепскиот ансамбл соработувам по втор пат, првиот пат во 2010 година со „Антица“ на Ристо Крле, која беше играна со голем успех, настапивме на неколку фестивали, меѓу кои и Еуро сцена во Лајпциг. И од таму, моето искуство со овој ансамбл е извонредно, нивната дисциплина, концентрација и талент восхитуваат и се беспрекорни, на европско ниво. Тоа е нешто скапоцено и треба да е чува, да се негува и да се поттикнува“ – потенцира Брезовац.

Изворно, „Глембаеви“ зборува за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувала и како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата на оваа драма ни се чини клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност. Неморалот е услов и лост на глембаевското богатство, но препреденоста на бесчувствителноста одамна се учи во јавните училишта и установи.

Со вечерашната изведба на Глембаеви на Прилепскиот театар, во режија на Бранко Брезовац, завршува првиот блок на претстави на 46 – от Млад отворен театар, по која од утре продолжува вториот блок фокусиран на независните театарски продукции.

1 декември (среда)

Глембаеви / Војдан Чернодрински – Прилеп (МКД)
режија: Бранко Брезовац

време: 20:00 / локација: МКЦ, сала Фросина

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.