Доајенот на македонското глумиште Ѓокица Лукаревски е годинашен добитник на наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ која се доделува на Фестивалот на комедија Гола месечина, што го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.

На втората фестивалска вечер Лукаревски играше во претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, претстава со којашто во 2018 Ѓокица Лукаревски одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.

Лукаревски е познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во ‘Пресуда’, ‘Македонски народни приказни’, ‘Хихирику’“, велат од Театар Комедија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.