Концертот  “Ѕвездена музика” вечерва (23.01.2020) со почеток во  20 часот ќе го означи почетокот на сезоната во Филхармонија.

Диригент: Тимоти Редмонд (В. Британија), Солист: Питер Мур- тромбон (В. Британија). На програмата се: Џ. Дов: Stargazer концерт за тромбон и оркестар, Р. Вагнер / арр. Хенк де Влигер: „Прстен“ оркестарска авантура.

Со концертот „Ѕвездена музика“, Филхармонија ја стартува новата концертна сезона!
Маестро Тимоти Редмонд зад диригентскиот пулт и импресивниот тромбонист од Лондонскиот симфониски оркестар, Питер Мур, во четврток, на 23 јануари, ќе донесат премиерна музика – „Stargazer“ на Џонатан Дав, како и епската оркестарска авантура „Прстен“ на генијалниот Вагнер!
Следете не и бидете дел и од нашите идни концерти кои ќе донесат фантастични солисти и возбудлива програма!, велат од Филхармонија.

На следниов линк можете да го погледнете целиот репертоар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.