Во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ на 24 јули во 20,30 часот, во „Куршумли-ан“ ќе се одржи концертот „Музичка прошетка – француски шансони“ на Џон Илија Апелгрин со својот бенд.

Аранжмани и адаптации се на Гордан Спасовски.Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на објектот.

Генерален покровител на музичкиот настан е Град Скопје, а концертот е поддржан и од страна на Министерство за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.