Во автобус на ЈСП со бројот 7 е поставена изложбата на фотографии на Дарко Попов насловена „Фото момент“.

Попов повеќе од 15 години се занимава со фотографија како професионален фоторепортер на информативната агенција МИА.

Објективот на ‘Фото момент’ прикажува замрзната сегашност на уникатните мигови од секојдневието. Целта на сместувањето на изложбата во простор кој се движи е на урбан и спонтан начин да овозможи уметност која ќе допре до граѓаните кога тие најмалку се подготвени за неа“, стои во најавата на изложбата.

Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.