Во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево, пред поголем број претежно млади од градот, беше отворена изложба на фотографии од македонската музичка икона Тоше Проески.

На изложбата се поместени 20 фотографии што се дел од поставката од Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево.

За отворена изложбата ја прогласи портпаролката на Центарот за култура Маја Николоска-Сиљаноска.

-Овие фотографии вкупно 20 претставени на вечерашнта изложба се дел од опусот од 26 слики што се поместени во Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево. Тие го претставуваат музчикиот пат на Тоше од неговото рано детство, училишни денови и се до денот кога замина од овој свет. Иако поминаа повеќе од десет години од смртта на Тоше Проески, тој останува нашата најсветла музичка ѕвезда, амбасадор на македонската музика кој со својот талент направи не само Македонија ,туку и цел регион да се поклонува пред неговото пејачко мајсторство. Тоше во текот на својата блескава кариера ги отпеа најубавите љубовни стихови на сите времиња и остави неизбришливи траги во македонската музика, истакна Сиљаноска.

Отворањето на изложбата беше проследно и со емитување на неговите најпопуларни песни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.