Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“.

Со овој настан беа одбележани два јубилеа – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов, со што започна литературната манифестација „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата. Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација.

Целта e поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и за преведувачите, како и за студентите и воопшто за македонската академска заедница во целина. Шопов е еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор е на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија („Песни“, 1944), но и автор којшто се вбројува во редот на најеминентните поети во Југоисточна Европа во XX век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.