Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ продолжува да ја шири својата мисија за подобрување на филмската култура низ повеќе градови во нашата земја. Денес и утре фестивалот „Џифони патува“ ќе се одржува во Центарот за култура во Дебар и на него ќе учествуваат учениците од дебарската гимназија, а на 2 и 3 јуни караванот „Џифони патува“ ќе се пресели во Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица. Следната недела на 9 и 10 јуни фестивалот ќе продолжи во Домот на културата „Лазар Софијанов” во Кратово.

Под името „Џифони патува“ овој подвижен фестивал во изминатите години се одржа во 19 општини, а за оваа година се планирани 5 општини.

Филмската програма е намената за учениците од основни и средните училишта и предвидува дводневни активности со прикажување на европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. По филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативнот и ќе се забавуваат.

Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општините Дебар, Македонска Каменица и Кратово, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.