Со премиерната проекција на новиот филм на славниот шпански режисер Педро Алдомовар „Паралелни мајки“ (Madres paralelas) во кој игра Пенелопе Круз, денеска започнува 78-то издание на филмскиот фестивал во Венеција. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 11-ти септември.

Наградата „Златен лав“ за врвни достигнувања во кариерата и придонес во филмската уметност ќе му биде врачена на италијанскиот актер и режисер Роберто Бенини. Другиот почесен лав ѝ е доделен на американската актерка Џејми Ли Кертис, а таа признанието ќе го прими на 8-ми септември.

За највисокото признание во Венеција конкурираат 21 филм. Притоа Пенелопе Круз, покрај со остварувањето на Алдомовар, во оваа конкуренција ќе се појави во уште еден филм во главната селекција „Официјален натпревар“(Competencia Oficial) на Аргентиците Маријано Кона и Гастон Дупра. За главната награда конкурира и филмот „Спенсер“ (Spencer) за починатата британска принцеза Дијана на Пабло Ларин со Кристен Стјуарт, „Зајдинсонце“ (Sundown) на Мексиканецот Мишел Франко со Тим Рот и Шарлот Генсбур, „Одраз“ на Украинецот Валентин Васјановил, рускиот „Капетан Волконогов побегна“ на режисерите Алексеј Чупов и Наташа Меркулова, како и автобиографскиот филм на Паоло Сорентино „Божјата рака“(E stata la mano di Dio). Пет италијански филмови годинава се вклучени во главната селекција.

Уште 19 остварувања се вклучени во втората натпреварувачка селекција „Хоризонти“. Иновација оваа година е програмата „Екстра хоризонти“, која вклучува осум филмови.

Меѓународното жири за главната компетитивна програма годинава го предводи јужнокорејскиот режисер Бонг Џун Хо, добитникот на главната награда на Канскиот филмски фестивал и на Оскарот за филмот „Паразит“ во 2019 година.

На затворњето на фестивалот надвор од конкуренцијата ќе биде прикажан филмот „Скриеното дете“(Il bambino nascosto) на Роберто Андо. Вон конкуренција пубиката ќе може да го види и новото остварување на Ридли Скот со Мет Дејмон и Бен Афлек „Последниот дуел“(The Last Duel), како реакција на движењето Me too, иако раскажува за настани од далечното минато.

Една од најочекуваните проекции годинава во Венеција ќе биде фантастичниот филм на „Дуна“(The Dune) на Дени Вилнев, кој исто така премиерно ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата.

Годинава на епидемиолошките мерки од лани како што се резервирани места на задолжителното растојание, носењето маски и мерење на температурата, е придоаден и корона-сертификатот. За невакцинираните или вакцинирани со вакцини кои не се признати во ЕУ тоа значи дека ќе мора да прават тест на коронавирусот на секои 48 часа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.