Филмска вечер во организација на Гете-институт Скопје ќе се одрживо декември со проекција на филмот „За мене и за тебе“. Германскиот филм „За мене и за тебе“ ќе се прикажува на 14-ти декември во 20:00 часот во Кинотека на Македонија.

Игран филм 2014/15, во боја, 100 мин. HD
Режија: Бенјамин Хајсенберг

Младиот измамник Ник Гутлихт живее од продажба на украдени книги. Сепак тоа не е доволно за живот.Тој има долгови, мора да исчезне на некое време и завршува во вилата на стариот и познат филозоф и психолог Курт Ледиг кој одбива да се пресели кај својата ќерка. Ник е ангажиран од фамилијата како старател. Курт сака во меѓувреме да работи на еден проект што не сака да го довери никому. Целната заедница на двете индивидуи брзо ја развива својата динамика. Курт гледа во Ник вреден истражувачки проект и го подложи на апсурдна терапија. Ник, пак, гледа во библиотеката на Курт шанса за исплата на долговите. Чудниот тандем се зближува и доживува серија апсурдни авантури и самонанесени опасности.

Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.